Групата “Последна желба” има 23 000 членовии е  на средна возраст од 69 години. Минатата година холандските власти не дозволија на организацијата да им помогне на околу 1.000 луѓе да купат смртоносен лек , но продолжува да нуди правни совети како да го добиеш  лекот.

Обвинителството на Источна Фландрија започна истрага за активностите на групата пред состанокот на белгискиот огранок од 700 члена во фламанскиот град Гент на 24-ти јуни.

  Обвинителството му најави на Де Морген дека истрагата е во почетна фаза и првично ќе се фокусира на промовираната смртоносна супстанција.

Извршена  од лекари евтаназија во Холандија и Белгија е легална, кога пациентите доживуваат “неподносливо страдање” и се упатиле повеќекратни молби дека сакаат да го прекинат својот живот.

Во септември 2017 година “Последна желба” соопшти дека  открила лек како “крајно средство”, што може да се купи легално и да донесе мирна смрт.

Минатиот месец групата беше предупредена дека ќе го прекрши холандскиот закон ако им помогне на 1.000 членови да извршат самоубиство . Обвинителството започна истрага за смртта на една 19-годишна жена која ја купи  оваа прашина  онлајн.

  Белгиските закони се слични на холандските . Тие ги казнуваат оние што помагаат да извршат самоубиство со купување смртоносна дрога за самоубиство.

Еутаназијата е легализирана во Белгија од 2002  година . 2014 Белгија стана првата земја во светот која дозволи евтаназија на деца. Повеќе од 10.000 луѓе се еутанизирани во Белгија. Во 2018 година, биле поднесени 2357 барања за евтаназија, што е зголемување за 1,8% повеќе од една година порано.