Во БиХ престојуваат од 6.500 до 7.000 мигранти

од Ивана Рамаданова
299 прегледи

Во Босна и Херцеговина има околу 6.500 до 7.000 мигранти, од кои 5.250 престојуваат во расположивите сместувачки капацитети, изјави  директорот на Службата за работа со странци Слободан Ујиќ.

Како што пренесува „Дневни аваз“, по влегувањето во БиХ, мигрантите го злоупотребуваат Институтот за меѓународна заштита и ја искажуваат својата намера за азил, овозможувајќи им да го легализираат престојот и слободно да се движат низ БиХ.

Ујиќ вели дека од почетокот на мигрантската криза, од крајот на 2017 година до денес, 54.332 мигранти биле предмет на Службата за странци, а само минатата година тој број  изнесувал 29.302 мигранти.

Тој истакна дека ја поддржува најавата од министерот за безбедност во Советот на министри Фахрудин Радончиќ за нов пристап кон проблемот со зголемен прилив на мигранти.

Според него, приоритет е контрола на источната граница за да се намали дневниот прилив на мигранти во БиХ, за што е неопходен ангажман на дополнителен број гранични полицајци.

Службата за странци минатата година ставила под надзор и изрекла мерки за протерување на 16 лица кои, како што истакнува Ујиќ, претставуваат закана за националната безбедност.

Слични содржини