Во чест на светскиот ден на детето: Со сина боја ќе бидат осветлени македонските институции

Во чест на Светскиот ден на детото, денес во главниот град, дел од институциите ќе бидат осветлени во сина боја, како симболика за нивната заложба во однос на унапредување на правата на децата.

Меѓу институциите кои ќе бидат осветлени се Владата, Собранието, УНИЦЕФМ делегацијата на ЕУ, Министерството за образование и наука, Археолошкиот музеј, Музејот на современа уметност, Амбасадата на Италија, како и Халк банка и Рамстор мол кои се приклучијае кон иницијативата.

Ова е традиција секоја година на денот кога е потпишана Конвенцијата за правата на детето во Обединетите нации, па оттаму секоја година во сино светат големи институции, како што во 2019. година беа Европскиот парламент во Брисел, Пантеон во Франција, Акрополис на Атина во Грција, Палатата на мирот во Хаг, Холандија, Раштрапати Бахаван во Индија, Петра во Јордан итн.

Инаку, оваа година во услови на пандемија, како што посочува УНИЦЕФ, децата ги посочува како можни скриени жртви во едно вакво време. Оттаму УНИЦЕФ ги повикува сите да го одбележат овој ден, како можност да се слушне како младите и децата сакаат ја да смислат иднината.

„Надоврзувајќи се на успехот што во 2019 година го имаше првиот состанок на високо ниво во државата#KidsTakeover кога младите отворија дискусија со владините министри на теми што се однесуваат на нивниот живот, на 20 ноември оваа година, заедно со Владата и со Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија,УНИЦЕФ ќе го поддржи вториот #KidsTakeover на кој учесниците ќе се осврнат на најважното прашање што ги засега децата: како ја замислуваат иднината на образованието и како подобро да се надгради образованието по КОВИД-19, се наведува во соопштението од УНИЦЕФ.

Слични содржини