Во „форд“ превезувал мигранти од Сирија и Пакистан

од Nikola Popovski

На 29.03.2023 во 21.00 часот во Скопје на ул.„Беласица“ полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.И.(38) од Скопје.

При контрола во патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени три лица мигранти, од кои две од Сирија и едно од Пакистан.

Истите биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка, а по документирање на случајот против Ф.И. ќе следува соодветен поднесок.

Слични содржини