Во гаснење на пожар во Алжир загинаа 25 војници

од Stefanija Kuzmanovska

Алжирскиот претседател Абделмаџид Тебун во вторникот вечерта изјави дека 25 војници загинале при спасување жители од пожари што зафатија шуми и села источно од главниот град, што го зголеми бројот на жртви од пожар во таа северноафриканска земја оваа недела, пренесува Бета повикувајќи се на АП.

Тој објави на Твитер дека војниците спасиле повеќе од сто граѓани во планинскиот регион Кабилија.

Четворица војници се здобиле со тешки изгореници и седум со помали, соопшти алжирското Министерство за одбрана.

Властите претходно вчера соопштија дека најмалку седум лица загинаа, а неколкумина се повредени во пожарите што се проширија на 36 локации во 18 провинции на Алжир.

Слични содржини