Во Германија се продава цела населба, почетна цена 125.000 евра

од desk2
95 прегледи

За аукцијата на која е понудено цело село во Бранденбург, Германија, упатени се повеќе од 40 барања, пренесоа агенциите.


Алвин, населба со селски амбиент, треба да биде продадена во сабота, а почетна цена е 125.000 евра.

Водителот на аукциската куќа Кархаусен во Берлин вели дека аукцијата нуди прилика за поволно купување.

Купувачот ќе стане сопственик на терен од 16.000 квадратни метри во средина на шума, која вклучува бројни станбени објекти.

Населбата ја наследиле двајца браќа по обединувањето на Германија, а се продава откако умрел еден од нив.