Во Гевгелија 250 лица во самоизолација од Корона вирус

од Ивана Рамаданова
594 прегледи

Околу 250 граѓани на општина Гевгелија се наоѓаат во домашна самоизолација од Корона вирусот. Според информациите, сите лица се во самоизолација како резултат на враќањето од други земји.

Ниту едно од лицата, како што информираше д-р Сашко Олумчев, доктор епидемиолог во Центарот за јавно здравје Велес, Подрачна единица во Гевгелија, нема симптоми на Ковид-19.

„Сите лица кои се во самоизолација се чувствуваат добро како што самите изјавуваат по телефон. Од вчера е отворен пункт во Центарот за јавно здравје Велес, Подрачна единица во Гевгелија за тестирање за сомнителни и позитивни. Тестирањето за граѓани ќе се врши со посебни протоколи во договор со матичните лекари, со Мој термин“, вели доктор Олумчев.

Воедно, октор Олумчев апелираше до граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките за спречување на појава на заразата од вирусот КОВИД-19 а, доколку имате симптоми типични за коронавирус како што се температура, треска, кашлица, отежнато дишење, ЈАВЕТЕ се кај вашиот матичен лекар. Матичните лекари, преку епидемиолошка анкета ќе утврдат дали треба да се тестирате, или не. Доколку треба, преку системот „Мој термин“ тие за вас ќе закажат точно време и место за тестирање.

Слични содржини