Според информација на грчките медиуми во Атина за 1 мај 2019 година во Грција е прогласен 24-часовен штрајк во транспортот кој ќе влијае на автобускиот, тролејбускиот, градскиот електричен железнички транспорт, како и движењето на метрото, на бродовите и на фериботите.
Возачите на тролејбус, градски и приградски автобуси, како и на градскиот електрични железнички транспорт, кој ссе користи во Атина и Пиреја, ќе штрајкуваат во текот на целиот работен ден. Возачите во метрото ќе штрајкуваат од 9:00 часот до крајот на работното време, а на бродови и фериботи – од 00:00 до 24:00 часот.
Трамваите, такси и проиватни компании, како и други масовни транзити ќе работат според распоредот. Патниците можат да се информираат и со крајбрежната стража во Грција и туристичките компании, чии услуги се користат при резервации.