Властите во Грција во последните денови конфискувале повеќе од 400 тони штетна храна која во земјата влегла од Турција.

Според весниците „Етнос“ и „Њузит“, турскиот увоз вклучувал од сушени јаткасти пловоди до овошје и зеленчук.

Храната била запленета затоа што содржела големи количества хемикалии штетни за здравјето.

Грчките ветеринарни служби во пограничниот регион со Турција, Еврос, се под зголемено ниво на тревога затоа што областа се смета за врата кон Европа на турскиот извоз на стоки.

Слични содржини