Во Грција регистрирани 75 нови случаи на Ковид-19

од Aleksandar Petrovski

Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти 75 нови случаи на Ковид-19, а во изминатите 24 часа починаа две лица.

Од новите случаи само четири се по направените тестови на влезните точки во земјата.

Според грчките медиуми најголемиот број од новозаразените се во поширокиот дел на Атина – 19, во Солун 15 и 13 во Кавала.

Три случаи пак се кај членови на машката ватерполо репрезентацијата на Грција.

Од почетокот на епидемијата во земјата се регистрирани вкупно 4.662 случаи на Ковид-19, а починаа 208 лица.

Слични содржини