Во хеликоптер над Сплит се роди бебе

од desk2
126 прегледи

 

Едно мало девојче од Брач утрово било многу нестрпливо да се роди, па не причекало хеликоптерот од островот Брач во хрватски Јадран да слета во Сплит.

Мајката се породила пред слетувањето, а на среќниот момент сведочеле тричлената посада на Ескадрилата на транспортни хеликоптери, капетанот, надпоручникот и наднаредникот.

Капетанот по слетувањето вели дека се се одвивало многу брзо со оглед на фактот дека летот од Брач до Сплит трае само десет минути.

„Се помина без компликации, мајката и девојчето се добро и тоа за летачката посада беше најдобро завршување на дежурството. Прекрасно е чувството и ќе го памтиме цел живот. Тоа е она што ја прави убавината на летањето и овој повик, затоа што освен хумани мисии за спасување човечки животи во прилика сме и да посведочиме и на раѓање на еден нов живот“, вели капетанот.