Во Хрватска има 250.000 алкохоличари

од Марта Пешевска
124 прегледи

Во Хрватска, официјално се регистрирани околу 250.000 лица кои се зависни од алкохол.

Ова беше објавено од Хрватскиот здравствен институт и наведоа дека само 8 отсто од нив се лекуваат. 

“Во 2017 година алкохолизмот беше една од главните причини за сместување во болниците”, рече психијатарот Анте Багариќ. Мажите   алкохоличари се четири пати повеќе од алкохоличари жени, изјави Багариќ за агенцијата Хина.