Во Исланд сите се познаваат меѓу себе, децата никој не ги чува и не постои војска

од desk2
203 прегледи

Жителите на Исланд имаат сајт кој содржи податоци кои датираат уште од 18-тиот век, за сите роднински врски во оваа земја. Ако се вљубите, мора прво да проверите дали постои шанса партнерот да ви е некоја далечна роднина.

Исланд е мала земја во која живеат само 338.349 луѓе. Сите жители меѓусебно се познаваат, така што нема потреба да ја заклучувате влезната врата кога ќе одите некаде и лесно можете да го оставите своето дете без надзор во парк или пред продавница.

Покрај тоа, во Исланд докажано живеат најсреќните луѓе на планетата.

https://www.instagram.com/p/ByatbUipXSB/?utm_source=ig_embed

Жителите на Исланд отсекогаш живееле во хармонија со природата и исклучително ја почитуваат со векови наназад. Исланд може да се пофали со најмоќниот водопад во Европа, најголемата колонија на птици и со еден од најголемите глечери.

https://www.instagram.com/p/BxVIhTnJC1R/?utm_source=ig_embed

Жителите на Исланд се многу горди на својот јазик и тој не се менувал цели 12 векови. Речиси секое лице на Исланд без проблем може да ги прочита древните текстови. Освен тоа, Исланд е лидер на меѓународниот пазар на книги – тие секоја година издаваат повеќе книги отколку било која друга земја.

https://www.instagram.com/p/ByqFPjTBLDc/?utm_source=ig_embed

Исланд е лидер и во областа на човековите права. Уште во 1980 година, Исланд станала прва земја во Европа во која за претседател е избрана жена, а во 2010 година се забранети сите стриптиз клубови во оваа земја за да се поддржи феминистичкото движење. Исланд забранува дискриминација од било каков вид. Нивото на писменост во Исланд е поголемо од било која друга земја во светот – основните и средните училишта се бесплатни, а студирањето е исклучително пристапно.

https://www.instagram.com/p/ByqEUP_B02I/?utm_source=ig_embed

Исланд посветува големо внимание и на здравството. Државните здравствени институции им се достапни на сите и истите се добро опремени и пристапни, па затоа приватната здравствена пракса речиси и не постои.

90% од куќите на Исланд се греат благодарение на топлата вода која доаѓа од геотермалните извори. Геотермалните електрани ги задоволуваат сите потреби на земјата за греење, така што населението воопшто не мора да плаќа греење.

https://www.instagram.com/p/ByqGQQ7ggb9/?utm_source=ig_embed

Единствено Исланд има веб страница со база на податоци која содржи информации за роднинските врски на населението, почнувајќи уште од 18-тиот век. Таа настанала бидејќи населението не е многубројно. Многу луѓе ги проверуваат податоците на оваа веб страна за да проверат дали најновата љубов им е, да не даде Господ, можеби роднина!

Исланд нема војска. Полицијата и крајбрежната стража немаат оружје. Стапката на криминал е речиси сведена на нула, така што оружјето и не им е потребно. Ако некој од граѓаните сака да се придружи на војска може да оди во Норвешка и да се придружи на нивната војска, бидејќи овие две земји имаат таков договор.

На Исланд научниците се потрудиле да откријат што во човечкиот мозок предизвикува зависност и успеале да го намалат бројот на пушачите и алкохоличарите на 3 до 5 отсто.

https://www.instagram.com/p/BxMvoP0ADy9/?utm_source=ig_embed

Жителите на Исланд веруваат во тролови и вили. Сметаат дека троловите живеат во кружни камења. Ако на патот сретнат некој таков камен, внимателно ќе го заобиколат. Ако таквиот камен мора да се помести, се повикува лице кое “комуницира” со троловите. Проектантите на патишта секогаш консултираат “стручно лице” околу изградбата на патиштата за да не се поремети животот на троловите.

https://www.instagram.com/p/ByqE32eF2BW/?utm_source=ig_embed

Градоначалник на главниот град, Рејкјавик, е Јон Гнар кој некогаш бил дел од панк рок бенд, работел како таксист, медицинско лице во психијатриска болница, во фабриката “Волво” во Шведска, а бил и комичар. Благодарение на него, Исланд доби финансиска обнова, изградба на 10 километри велосипедски патеки, реорганизација на училиштата и зголемување на туризмот.

https://www.instagram.com/p/BxnFWMdJaip/?utm_source=ig_embed

Исланд има група луѓе кои се задолжени да дадат име на ново бебе на Исланд. Имено, шест луѓе кои ги предлага Министерството за правда смислуваат нови имиња кои ќе се вклопат во исландската култура и јазик. Така на пример, името Андре не е дозволено на Исланд бидејќи не е во склад со правописот на оваа земја./Tocka

https://www.instagram.com/p/Bxu1H0VJeS2/?utm_source=ig_embed