Во Италија, Белгија и Германија уапсени 25 лица поврзани со мафијата Ндрангета

од Stefanija Kuzmanovska

Властите уапсија 25 лица во Италија, Белгија и Германија во рации насочени кон синџир за шверц на дрога управуван од италијанската мафија Ндрангета, соопшти денеска италијанската полиција.

Царинската полиција соопшти дека мафијата оперирала од нејзиното седиште во Калабрија, но имала и дејствија во Германија за увоз на „големи количини“ кокаин, хероин и хашиш.

Осомничените се товарат за различни кривични дела, вклучително и злосторничко здружување и трговија со дрога, а одземени им се имот во вредност од 3,8 милиони евра во недвижен имот, земјиште и деловни активности, соопшти полицијата, пренесе „Ројтерс“.

Слични содржини