Во која земја е најголема веројатноста да ви вратат изгубен паричник?

од desk2
147 прегледи

Колку често сте се нашле во ситуација да треба да зависите од добрината на непознати луѓе?

Ви се расипал автмобилот на пат? Изгубени сте во непознат град и немате мапа, ни батерија на телефонот? Ви треба да се јавите некому, а немате телефон? Ова е само неколку примери за ситуации во кои тешко ќе се снајдете освен ако не ви помогне некој кој случајно сте го сретнале.

Уште една слична ситуација е кога ќе изгубите паричник во кој имате пари и/или лични документи. Која е веројатноста дека ќе го добиете назад, со или без парите и документите?

Истражувачите од Science Journal направија токму едно вакво истражување што ги чинеше околу половина милион долари.

Идејата беше прилично едноставна: 11 мажи и 2 жени патуваа во 355 големи градови низ 40 земји ширум светот каде „изгубија“ 17.303 паричници.

Главната цел беше да се види како граѓаните во секоја од земјите реагираат кога ќе најдат изгубен паричник. Дали ќе го вратат? Дали ќе ги задржат парите? Зошто постапиле вака или онака?

Во експериментот се користеле два вида на паричници – еден со клуч и без пари, а друг со пари и со клуч.

Во вторите паричници имало список за пазарење на јазикот во земјата каде бил оставен, визит картички со името на сопственикот и неговиот мејл, малку пари и клуч.

Во просек, во паричниците имало 13,45 долари во противвредност на валутата во земјата каде бил оставен, а во некои од земјите (Велика Британија, Полска и САД) имало поголема сума пари – 94,15 долари.

На овој графикон е прикажано како луѓето во различни земји реагирале на „изгубените“ паричници.

Жолтите точки го претставуваат процентот на паричници без пари што биле вратени, а црвените точки се вратени паричници со пари во нив.

Во земји како Кина, Мароко, Перу и Казахстан имало најмала стапка на вратени паричници.

Граѓаните на Швајцарија во најголем број ги враќале паричниците – 75% од празните и 80% од паричниците со пари најдени во оваа земја биле вратени назад. По Швајцарија следат Норвешка, Холандија и Данска.

Слични содржини