Во Колорадо измислија нова примена на тоалетната хартија – за патни поправки

од desk3
80 прегледи

2111216869

Управата на градот Литлтон во американската држава Колорадо користи тоалетна хартија при реновирањето на пукнатините на над 120 улици, пренесе АП.

Општинските работници прво излеаја врел катран, за да се наполнат пукнатините во асфалтот, а потоа одозгора ставиле тоалетна хартија и ги притиснале со четка.

Градските власти велат дека благодарение на тоалетната хартија гумите на автомобилите и на велосипедите, како и чевлите на пешаците не се залепени на поправените делови.

Хартијата пак е биоразградлива и требало да се распадне за неколку дена.

Целиот процес дозволувал сообраќајот по улиците да продолжи побрзо од вообичаеното.