На територијата на Луганската народна република (ЛНР) беше разнесен автомобилот со кој одел на својата свадба 39-годишниот лидер на локалните Козаци Павле Дремов, со прекар Батја. Соопштението е на Интерфакс.

B9GmrfEIcAEjGSW
Автомобилот е уништен на патот Првомајск – Стаханов, детали за инцидентот не се објавени.

Според првичните извештаи возачот на автомобилот е преживеан. Се води истрага.

Му подари цвеќе на Премиерот и го дигна во раце- крвава тепачка во украинскиот парламент

Според новинската агенција News Front, во април лидерот на ЛНР Игор Плотницки лично му го врачил на Дремов бојното знаме на 6-тиот посебен моторизиран козачки полк, кој го носи името на легендарниот атаман Матвеј Платов. Целта на одредот била “заштита на ЛНР од надворешна агресија”.

Дромов е роден во украинскиот град Стаханов и потекнува од стар козачки род. Активно соработувал со командантот на бригадата “Дух” Алексеј Мозговој,кој загинал при диверзии во мај 2015 година

Слични содржини