Во Македонија уште 1715 новоинфицирани, 240 од нив се заразуваат по втор пат

од Nikola Popovski

Во Македонија денес се регистрирани нови 1.715 случаи на корона од 4.811 тестови.

Бројот на новозаразени по градови изнесува: Скопје – 882, Битола – 87, Куманово – 75, Тетово – 69, Кавадарци – 66, Велес – 63, Охрид – 56, Прилеп и Струмица – по 48, Гостивар – 36, Гевгелија – 33, Неготино – 29, Штип – 28, Кочани – 26, Кичево – 24, Радовиш – 20, Валандово – 17, Богданци – 16, Струга и Крива Паланка – по 14, Ресен – 12, Виница – 9, Свети Николе и Делчево – по 8, Демир Капија и Пехчево – по 5, Кратово и Македонски Брод – по 4, Пробиштип – 3, Дебар и Демир Хисар – по 2, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.715), регистрирани се 240 реинфекции и една втора реинфекција.

Регистрирани сe 2.057 оздравени пациенти од: Скопје – 1.276, Тетово – 192, Гостивар – 101, Куманово – 88, Кавадарци – 84, Велес – 63, Гевгелија – 44, Кочани – 25, Штип – 24, Неготино – 20, Битола – 19, Радовиш – 18, Крива Паланка – 13, Прилеп, Струмица, Свети Николе и Делчево – по 12, Виница и Богданци – по 6, Кратово – 5, Кичево, Македонска Каменица, Демир Капија и Пехчево – по 4, Берово – 3, Пробиштип и Демир Хисар – по 2, Струга и Дојран – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.803.508 тестирања на КОВИД-19.

Слични содржини