Во плитка јама во пустина во Мексико пронајдени 13 тела

од Vladimir Zorba

Волонтери денеска пронашле 12 скелети и едно тело во фаза на распаѓање во плитка јама во пустина кај мексиканското одморалиште Порто Пенаско.

Обвинителите во северната погранична држава Сонора рекоа дека две од телата од најверојатно се женски, едно е во фаза на распаѓање, а останатите биле „целосни скелети со облека“.

Телата ги пронашла група позната како Трагачи на Пуерто Пенаска, составена од роднини на исчезнати, кои истражуваат извештаи за тајни гробници.

Нарко и киднаперските банди користат такви јами за телата на жртви или ривали.

Слични содржини