Во пожарот Мекини во Калифорнија изгореа 21.000 хектари земја

од Stefanija Kuzmanovska

Неколку стотици пожарникари во американската сојузна држава Калифорнија се борат со најголемиот шумски пожар во оваа година, пожарот Мекини, кој во петокот избувна во северниот дел на округот Сискију и веќе изгоре 21.000 хектари, соопшти пожарникарската служба.

Најмалку 2.000 жители, како и локални планинари на Пацифик Крест, ја напуштија областа, а некои куќи се уништени, јави Би-Би-Си.

Издаден е и црвен метеоаларм со предупредување за опасна ситуација поради ширење на пожарот.

Слични содржини