Во Русија се зголемува бројот на новозаразени со коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska

РУСИЈА објави 11.699 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е најголем дневен број на лица заразени од крајот на февруари и вкупниот број од почетокот на пандемијата во таа земја е 5.167.949 заразени.

Работната група на владата за коронавирус соопшти дека починале 383 лица, со што бројот на смртни случаи во државата се искачи на 125.278.

Федералната агенција за статистика задржа одделни податоци и соопшти дека Русија забележала околу 270.000 смртни случаи поврзани со Ковид-19 помеѓу април 2020 и април 2021 година, пренесе Ројтерс.

Слични содржини