Во Русија уапсени 200 лица, обвинети се за поврзаност со „непожелна организација“

од Vladimir Zorba

РУСКАТА полиција приведе околу 200 лица на митинг на независни и опозициски политичари во Москва, обвинувајќи ги за поврзаност со „непожелна организација“, соопшти група за човекови права.

Луѓето беа приведени среде потиснување на антивладините расположенија, по апсењето и затворањето на опозицискиот политичар Алексеј Навални, кој се врати во Русија во јануари откако се опорави од труење со Новичок во Сибир.

Форумот, закажан за во сабота и недела, ги собира претставниците на општините од целата земја, изјави за радио „Echo Moskvy“ Андреј Пивоваров, организатор и извршен директор на Отворена Русија, британска група основана од поранешниот нафтен магнат и критичар на Кремљ, Михаил Ходорковски.

Полицијата влезе во зградата и започна да ги носи учесниците во полициски комбиња кои чекаа надвор, покажаа видеа од руски новински агенции.

Полицијата соопшти дека привела 200 лица и објасни дека „голем број учесници немале заштитна опрема“ и дека меѓу нив има и „членови на организации чии активности се непожелни на руска територија“.

ОВД-Инфо, која го следи притворот на политички демонстранти и активисти, објави список со 170 приведени.

„Финалето на форумот беше многу симболично: пратеници во полициски комбиња и маскирана полиција која „врти“ раце“, напиша лидерот на опозицијата Илија Јашин на Фејсбук. „Но никој не ни вети слобода на сребрена чинија. Русија сепак ќе биде слободна“.

Отворена Русија е една од повеќе од 30 групи кои Москва ги идентификуваше како непожелни и забранети според законот од 2015 година.

Групите за човекови права велат дека законите за „непожелни“ организации и „странски агенти“ можат да се користат за да се изврши притисок врз членовите на граѓанското општество.

Русија го негира ова и вели дека се потребни закони за да се заштити националната безбедност од мешање однадвор.

Слични содржини