Во САД најголем број смртни случаи од ковид 19 од април

од Stefanija Kuzmanovska

САД забележаа повеќе од 2.700 смртни случаи од последиците на коронавирус во последните 24 часа, што е дневен број на смртни случаи што не се забележани од април, покажуваат податоците на Универзитетот Џон Хопкинс.

Според податоците, 2.731 лице починало во САД во последните 24 часа, со што вкупниот број на смртни случаи од коронавирусот од почетокот на пандемијата достигна 273.181.

Во претходните 24 часа беа евидентирани 195.121 новозаразено лице со коронавирусот.

Слични содржини