Во Собранието немаше учество во толпа туку обид за убиство- имаме докази! (Видео)

од Vladimir Zorba

 

 

Се повеќе излегуваат нови докази дека упадот воСобранието беше организирано да биде насилен и дека е вистински  држевен удар  и обид за убиство.  На социјалните мрежи се појави ново видео од насилните протести на 27. април во Собранието. Во видеото се гледа како еден од насилниците во прес центарот каде беа пратениците од СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците, влегол со пиштол во раката.Пратеникот и портпарол на СДСМ, Петре Шилегов по исказот во ОЈО како оштетен во настаните во „крвавиот четврток“, кажа исто така дека тоа што се случило не било учество во толпа туку обид за убиство.

 Тој рече дека искористил се што можел како адвокат, со цел да помогне на Обвинителството да ги расветли случувањата, пренесе А1он

Во продолженија како поткрепа на тврдењата ви го пренесуваме последното видео , кое се појави , и дава една друга слика за насилните протести на 27. април во Собранието.

Во видеото се гледа како еден од насилниците во прес центарот каде беа пратениците од СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците, влегол со пиштол во раката. Во првите изјави по нападите лидерот на СДСМ Зран Заев исто така изјави дека стравот не бил од тие кои фрлале со столици и железа  по нив  и кои им ги раскрвавија главите , туку лицата во вториот ред одзади кои барале чист простор за да пукаат во нив, и кои што носеле оружје.

Тој прв овие насилства ги окарактеризира како обид за убиство , велепредавство и тероризам, а не учесво во толпа.

Погледнете го видеото кое се лиферува на социјалните мрежи.

Слични содржини