Во Сочи уапсен неонацист, планирал терористички напад

од Stefanija Kuzmanovska

Руските безбедносни сили спречија терористички напад во трговски и забавен центар во Сочи и уапсија неонацист кој планирал да изврши смртоносен напад на 9 мај, соопшти денеска Федералната служба за безбедност (ФСБ).

„ФСБ спречи терористички акт во Сочи. Рускиот државјанин, роден 1991 година, е поддржувач на неонацистичката идеологија. Тој подготвувал вооружен напад врз граѓани на 9 мај годинава во еден од трговските и забавни центри во Сочи“, се вели во соопштението“, пренесе РИА Новости.

Забележано е дека од неговата куќа биле одземени револвер со муниција, граната, ладно оружје и рачно напишан план за злосторството.

Слични содржини