Во Србија 13 починати од корона, рекорден број луѓе на респиратори

од Aleksandar Petrovski

Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 9.183 лица, од кои 383 лица биле позитивни, а 13 починале. На респиратори има 177 лица.

Денес, секретарот за здравство на Војводина, Зоран Гојковиќ, уште еднаш предупреди дека здравствениот систем на Србија е пред пукање и дека се заканува сценарио од Италија и Шпанија, доколку сите не ги почитуваат пропишаните мерки за заштита.

Директорката на Клиничкиот центар на Војводина, Едита Стокиќ, за РТС изјави дека во тој клинички центар за ковид 19 се лекуваат 254 пациенти, и дека е забележано дека помладите луѓе се разболуваат во овој период и дека третманот трае подолго.

Слични содржини