Според официјалните податоци, во Србија 41 лице починало во последните 24 часа од последиците на коронавирус, па вкупниот број на починати се зголеми на 1.315, објави Министерството за здравство на веб-страницата covid19.rs.
Од последниот пресек на состојбата во Србија, 22.231 лице е тестирано на коронавирус и регистрирани се 7.579 случаи на инфекција.
На респиратор се 223 пациенти.
Вкупно хоспитализирани се 6.597 лица.
Од почетокот на епидемијата, 140.608 случаи на инфекција се официјално потврдени во Србија.
Стапката на смртност е 0,93 проценти.
До 15 часот на 25 ноември, во Србија биле тестирани вкупно 1.682.416 лица кои ги исполнувале критериумите за дефинирање на случајот.
Донесени се нови мерки за училиштата. Кризниот штаб одлучи дека средните и основните училишта (само постарите одделенија), како и колеџите, се селат на настава преку Интернет.
Празниците ќе траат од 21 декември до 18 јануари.