Бебе од Крагуевац на кое му беше дијагностицирана инфекција со коронавирус веднаш по раѓањето почина денес на Универзитетската детска клиника во Тирсова, пренесува „Телеграф“.
Веднаш по раѓањето на бебето, кое почина старо само девет дена, беше утврдена коронавирусна инфекција. Бебето било добро во првите часови по раѓањето, но во третиот час добило треска и наскоро ги развило сите симптоми на инфекцијата.
Новороденчето било приклучено на респиратор, но за време на третманот се развило мултисистемско откажување на сите органи, па со медицински надзор било префрлено на Универзитетската детска клиника во Тирсова.
Според „Телеграф“, инфекцијата со коронавирус довела до цитокинска олуја, состојба која вклучува производство на огромен број на имунолошки клетки и прекумерно производство на цитокини. Оваа состојба се манифестира со сериозно воспаление, пневмонија, отежнато дишење, воспаление на дишните патишта и може да доведе до откажување на повеќе органи.