Неколку стотици навивачи на Јувентус кои синоќа на плоштадот во Торино го следеа финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид се повредени во стампедо предизвикано од експлозија (силна петарда) за која се уште не е утврдено од што била предизвикана.
Паниката на плоштадот „Сан Кало“ настана кога се слушна силна експлозија по која луѓето почнале да бегаат на сите страни.
Според последните информации што ги објавија италијанските медиуми нема потешко повредени лица.
Се претпоставува дека детонацијата потекнува од силна петарда и дека не се работи за терористички акт.
Неофицијално се повредени околу 600 луѓе кои на плоштадот „Сан Карло“ во Торино во фан-зоната на Јувентус го следеле финалето на Лигата на шампионите помеѓу Јувентус и Реал Мадрид.
Италијанските медиму јавуваат за избегнат втор „Хејсел“, алудирајќи на големата несреќа која се случи пред финалето на Купот на шампионите пред 32 години во Брисел, пред натпреварот Јувентус – Ливерпул.