Изреката дека двајца се пар, а тројца се веќе многу очигледно не важи за Џоке, Бел и Арт кои станаа првите хомосексуалци во брак меѓу тројца.PAY-worlds-first-THREE-WAY-same-sex-marriage

Мажите, кои се на возраст меѓу 21 и 29 години се венчаа на церемонија во Тајланд, соопшти британското издание “Метро”.

Тајланд се смета за особено либерална земја во однос на хомосексуалните врски. Сепак истополовите бракови не се дозволени и свадбата на тројцата мажи всушност е симболична будистичка церемонија.

Младенците споделија дека свадбениот денот бил најсреќен во нивниот живот. “Многу луѓе може да не се согласат и најверојатно се изненадени од нашето решение, но ние веруваме дека многу други разбираат и го прифатија нашиот избор. Сепак љубов е љубов”, вели Бел, цитиран од весникот.PAY-worlds-first-THREE-WAY-same-sex-marriage (1)

Џоке и Арт почнуваат да излегуваат во текот на 2010 година, а некое време потоа се запознаваат со Бел на забава на заеднички пријатели. Тројцата ги откриваат општите чувства откако Бел е примен во болница и тројцата почнуваат да размислуваат за можноста за брак.

Слични содржини