Во Црна Гора пад на туристичката посета за 92 отсто, следи голема криза

од Aleksandar Petrovski
140 прегледи

На 10 јули, Црна Гора имала 11.119 регистрирани туристи, што е само околу осум проценти од остварениот туристички промет во истиот ден од претходната година, потврдено е од Националната туристичка организација.

Овој податок за падот на туристичката посета од 92 отсто кон средината на јули покажува дека приходите од сезоната ќе бидат значително полоши во однос на предвидувањата на Владата од јуни, јавува подгоричкиот портал Вијести.

Извршната власт претходно процени дека приходите од туризам се очекува да паднат за 40 проценти, што ќе влијае на економијата за 6,8 проценти и дека износот на јавниот долг на крајот на годината ќе достигне 82,5 проценти од бруто домашниот производ (БДП).