Запрена е истрагата во Унгарија за македонскиот екс-премиер во бегство, Никола Груевски, објави унгарскиот сајт 444.hu

Имено, било утврдено дека Груевски имал валидни патни документи на унгарско-српската граница и на останатите гранични премини.
Според тоа, влезот на Груевски во Шенген зоната е во согласност со сите закони.
Како што објави унгарскиот медиум, кај Груевски немало никакво незаконско преминување на границата.