Во вториот квартал директните инвестиции бележат нето-одливи

од Берта Китинска

Во текот на вториот квартал од 2020 година, вкупните директни инвестиции во земјата бележат нето-одливи од 9,3 милиони евра, како резултат на намалениот меѓукомпаниски долг за 78,6 милиони евра, при зголемени инвестиции во сопственички капитал и реинвестирање на добивката (за 48,3 и 21 милион евра, соодветно), стои во извештајот на НБРМ.


Во периодот јануари – јуни 2020 година, вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 122,6 милиони евра, како резултат на нето-приливите врз основа на сопственички капитал и реинвестирање на добивката (68,9 милиони евра и 99,8 милиони евра, соодветно), во услови на нето-одливи врз основа на должнички инструменти за 46,1 милион евра.

loading...

Слични содржини