
Воодушевување владее од сонцевото затемнување кое во моментов може да се доживее и види низ САД. Ова е случај во кој за прв пат по 99 години тоа ќе биде од запад кон источното крајбрежје. Сончевото затемнување некаде се забележува на 12 односно 18 месеци. Сегашното целосно затемнување на Сонцето е исклучително, затоа што е прво над САД во 21-тиот век и прво од 1991 година, кога феноменот предизвика огромен интерес во целиот свет.
НАСА обезбеди начин сите луѓе од целиот свет да бидат сведоци на овој феномен.
Тоа можете да го гледате во живо на НАСА YouTube профилот ТУКА
На НАСА на Фејсбук страница ТУКА
Гледајте на живо и на сајтот на НАСА тука
Терминот “црната месечина” не го користат астрономите, туку е широко распространет меѓу луѓето. Таа ја опишува месечната фаза на новата месечина во која месечината не е видлива од Земјата. Овој пат новата месечина се совпаѓа со затемнувањето на Сонцето.
Сенката ќе помине низ 14 држави, со ширина од околу 113 км. Најдолгото затемнување ќе мине околу Карбондејл, Илиноис – 2 мин и 40 секунда. Настанот ќе заврши во 14.48 часот по локално време над Чарлстон, Јужна Каролина.
Околу 12 милиони живеат во области каде што темнината ќе биде полна. Поради возбудата љубителите астрономи и надлежите ннаучниците ги подигнаа цените на хотелските соби во голем број американски градовио. Планирани се свадби, празници на отворено, експедиции со кану и дури Бони Тајлер ќе го испее хитот си Total Eclipse of the Heart, кое ќе биде емитувано директно.
Оние кои нема да бидат во мрачните области, ќе можат да го гледаат онлајн. НАСА предвиде директен пренос и целиот ден на сајтот тоа ќе биде емитувано и на екраните на Тајмс Сквер во Њујорк.
Вселенската агенција ќе се искористи еден апаратите за набљудување на месечината да ја слика Земјата. При затемнувањето на Сонцето, Месечината стои помеѓу Земјата и ѕвездата, блокирајќи ги нејзините зраци. Дијаметарот на Сонцето е 400 пати поголем од оној на Месечината, но тоа е 400 пати оддалечена од нас и од неа.