Водечкиот американски виролог откри дека дознале нешто многу важно за ширењето на коронавирусот

од Aleksandar Petrovski

Центарот за превенција и контрола на болести (ЦДЦ), американска федерална агенција за јавно здравје, беше водечка институција за заштита на американските граѓани од заразни патогени во последните децении – во 2009 година беше задолжена за епидемијата на вирусот Х1Н1, додека во 2014 г. го водеше сузбивањето на кризата со ебола.

Сепак, среде најголемата пандемија во изминатите 100 години, агенцијата неочекувано отсуствува во последните неколку недели, за време на кои Соединетите држави станаа светски епицентар на коронавирус по бројот на вкупно заразени.

Покрај тоа, директорот на агенцијата, Др. Роберт Редфилд (инаку виролог) не учествуваше на конференцијата во Белата куќа од 9 март 2020 година, па затоа американската медиумска куќа НПР го контактира и со него го прокоментира развојот на состојбата со коронавирусот во САД.
Д-р Редфилд наведува дека професијата научила многу за новиот вирус „Сарс Ков-2“ во последните месеци, а едно од највредните откритија е неговото пренесување.

„Коронавирусот се шири дури три пати побрзо од нормалниот сезонски грип“, рече тој, додавајќи дека асимптоматските предаватели на вирусот се еден од најважните фактори во оваа пандемија, при што најмалку се знае за нив во моментот.

Според неодамнешните проценки, дури 25 проценти од граѓаните би можеле да припаѓаат на таа категорија без притоа да бидат свесни дека биле носители на вирусот.

Според него, заштитните маски можат да се гледаат од две различни перспективи. Како нешто што нè штити од потенцијално заразни други, но и како нешто што ги штити другите од потенцијално заразни нас. Но, тој предупредува, сè уште нема доволно научни податоци за конечниот учинок на маската.

Највредното оружје во борбата против пандемијата останува социјалното дистанцирање, што, се тврди, се уште не му се наѕира крајот.

– Според моја проценка, ќе мора да продолжиме да ја одржуваме нашата социјална дистанца во текот на мај, јуни и јули со цел да го ограничиме локалниот пренос на вирусот и со тоа да избегнеме нов бран на инфекција што ни се заканува кон крајот на есента или почетокот на зимата – рече д-р. Редфилд.

Кога ќе попуштаат репресивните мерки др. Редфилд сè уште не може да предвиди, но верува дека секоја земја во светот треба да ја процени кривата одделно и соодветно да ја прилагоди својата стратегија.

– КОВИД-19 ќе остане со нас некое време. Мора да признаеме дека со децении, колективно, систематски ја запоставуваме здравствената заштита. Во наредните недели, клучно е да се направи разлика и да се разбере улогата на болниците и здравствените работници – заклучи шефот на ЦДЦ, додавајќи дека тој е апсолутно сигурен дека има „светло на крајот од тунелот“ и дека ќе излеземе од оваа пандемија за неколку месеци како победниците.

Слични содржини