Водител на Би-би-си обвинет дека плаќал на тинејџер за експлицитни фотографии

од Radmila Tasevska

Би-би-си потврди дека ги истражува наводите за „сексуално недолично однесување од страна на еден од неговите водители“.

– Ние сите наводи ги сфаќаме многу сериозно и имаме процеси за проактивно справување со нив. Доколку добиеме информации кои бараат понатамошна истрага или испитување, ќе преземеме чекори за да го сториме тоа. Ова вклучува активно разговор со оние кои нè контактирале за да побараат дополнителни детали и да ја разбереме ситуацијата, истакна портпаролката на Би-би-си.

Британскиот таблоид „Сан“ вчера објави дека една жена обвинила неименуван водител на Би-би-си дека му плаќал на нејзиниот син тинејџер за сексуално експлицитни фотографии. Тој наводно му платил десетици илјади фунти.

Според таблоидот, семејството на наводната жртва се пожалило на Би-би-си на 19 мај. Мајката на младиот човек, кој денес има 20 години, тврди дека е револтирана што водителот и покрај тоа сè уште работи во Би-би-си. Таа тврди дека момчето со водителот стапило во контакт пред три години.

– Кога ќе го видам на телевизија, ми се гади. Тој човек му го уништи животот на моето дете. Му испрати илјадници фунти во замена за сексуално експлицитни фотографии, наведе мајката за „Сан“.

Слични содржини