Војна на Кавказ: Серија силни експлозии, гранатирање и жртви

од Vladimir Zorba

Конфликтите меѓу Ерменија и Азербејџан во регионот Наборно-Карабах продолжуваат и денес.

Серија силни експлозии одекнаа во центарот на Степанакерт, главниот град на самопрогласената република Нагорно Карабах, пренесува репортерот на „РИА Новости“.

Како што е наведено, по секоја детонација се слушал карактеристичен звук на кршење. Сè уште не е познато на што влијаело, додава агенцијата. Се претпоставува дека има и цивилни жртви.

Портпаролот на Министерството за одбрана на Ерменија, Шушан Степанјан, потврди дека борбите во Нагорно Карабах продолжиле и денес, пренесува Спутник.

Министерството за одбрана на Азербејџан објави дека ерменската артилерија од градот Степанакерт во Нагорно Карабах истрелала ракети кон два погранични града во Азербејџан – Тертер и Горадиз.

Министерството за одбрана во Баку соопшти дека азербејџанската армија возвраќа на ракетните напади од ерменската артилерија утрово, јави ТАСС.

Слични содржини