Volvo XC40 доби 5 ѕвезди за безбедност од Euro NCAP (видео)

од Vladimir Zorba

Новиот Volvo XC40 доби уште една одлична меѓународна награда – максимален 5-ѕвезден рејтинг за безбедност од Euro NCAP. Така ХС40 се реди до поголемите „браќа“ од сериите 60 и 90, како еден од најбезбедните автомобили на патот.

Тестовите на Euro NCAP во 2018 година се најтешките до сега, откако вклучуваат нови, уште построги тестови на системите за безбедност, вклучувајќи на технологијата за препознавање на велосипедисти со автоматски примена на сопирачките и за помагање за почитување на патната лента. XC40 ги има постигнато најдобрите вкупни перформанси од сите возила, тестирани според новите Euro NCAP правила.

Сите тестирани Volvo автомобили, кои денес се во продажба, имаат рејтинг 5 ѕвезди во најпрестижните извештаи на независната меѓународна организација Euro NCAP. Минатата година ХС60 беше возилото со најдобар вкупно претставување на тестовите и беше прогласен за најбезбеден SUV во сегментот, добивајќи ја титулата Best in Class на Euro NCAP. Истата награда беше доделена на HS90 во 2015 година.

Во март XC40 ја освои титулата Автомобил на Европа за 2018 година – првата таква награда за Volvo, и оттогаш е еден од најпродаваните модели на компанијата на глобално ниво.

https://www.youtube.com/watch?v=vq7kWy1IReE

Слични содржини