Вооружен напад во Истра на Јадранот, има и повредени

од Vladimir Zorba

Во хрватскиот град Пореч денес околу пладне дошло до вооружен напад.

Според информациите, едно лице е повредено, најверојатно во нога, кое веднаш било префрлено во болница.

Во инцидентот учествувала група од 4 лица и едно лице кое било само.

Луѓето кои се нашле на местото на настанот, веднаш се разбегале и се криеле по угостителските и хотелските објекти.

-Се` се одвиваше многу брзо. Во тоа време имаше многу луѓе и не можеше да се види кој кон кого пука, вели еден од очевидците.

Уште нема точни податоци за инцидентот, но полицијата привела неколку осомничени лица.

Слични содржини