Ворнер Брос снима женска верзија на Бетмен

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Филмската компанија Warner Bros започна со снимањето на филмот “Батгрл” (Batgirl) за суперхероина од универзумот на Бетмен, соопшти NME. Режисер, сценарист и продуцент на лентата е Џос Видон кој има снимено редица слични филмови. Актерскиот состав засега не се открива.

Во “Батгрл” ќе се појават други ликови од универзумот “Бетмен”. Под псевдонимот Батгрл се појавија неколку хероини во стриповите на DC. Во некои верзии тие ја повторуваа историјата на Бетмен, во други Батгрл беше партнерка на суперхеројот.

Всушност хероината се појави во филмот “Бетмен и Робин” од 1997 година со учество на Џорџ Клуни, Арнолд Шварценегер и Ума Турман. Тогаш како Батгрл се појави актерката Алисија Силверстоун.