Воз прегази жена кај Маџари

од Nikola Popovski

Воз удрил во жена на железничката станница Маџари, информираат од РЦУК Скопје.

Од страна на дежурниот во ЈП Железници добиена е информација дека во 09.19 часот од страна на патничкиот воз број 601 кој сообраќал на релација Табановце – Скопје на самата железничка станица Маџари било удрено женско лице.

Од страна на комисија од ЈП Железници и полиција направен е увид, а повреденото лице од страна на Брза Помош пренесено на скопските клиники.

-Сообраќајот не бил во прекин, додаваат од РЦУК Скопје.

Слични содржини