Воз удри мигрант кој се движел по пруга

од Nikola Popovski

СВР Куманово информира дека воз удрил мигрант кој се движел по пруга.

Според пријавеното, вчера околу 07.20 часот на пругата во близина на Железничка станица Романовце, патнички воз кој сообраќал на релација Скопје-Табановце, удрил во едно лице мигрант, кое се движело со уште три лица- мигранти по и покрај пругата.

-Возот застанал на местото на незгодата, но мигрантите избегале. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово, велат од МВР.

Слични содржини