215
Возач на Лексус на едноставен начин успеа да излезе од сообраќајниот хаос.
Возачот излегува од колоната, но никој не му свири и не го навредува. Возачот низ сообраќајниот метеж на Лос Анџелес се пробива елегантно и со стил.
Кога треба да се престрои едноставно покажува табла на која е напишано ,, Ве молам , пропуштете ме”. Откако возилото ќе го пропушти да помине , тој ја врти таблата и покажува натпис ,,Ви благодарам” .