Возило превртено на покрив среде улица во Аеродром

од Nikola Popovski

Утрово автомобил се превртел на новата раскрсница пред воениот базен, во близина на Основното училиште „Љубен Лапе“ во Аеродром.

Засега нема информации за евентуални жртви или повредени.

Како што може да се види, во несреќата учествувале две возила, „рено меган“ кое има само помала материјална штета и уште едно возило кое е превртено на покривот.

На социјалната мрежа Фејсбук веќе се појавија фотографии од несреќата.

Оваа улица беше неодамна реконструирана.

Слични содржини