Вознемирувачки сцени: Би-Би-Си влезе во израелската заедница каде Хамас масакрира цели семејства, вклучително и бебиња

од Vladimir Zorba

Новинска екипа на Би-Би-Си доби дозвола да влезе во кибуц Кфар Аз во јужен Израел, израелска заедница која беше место на ужасен масакр во првите неколку дена од конфликтот.

Жени, деца, бебиња и стари лица, дури и цели семејства, беа убиени во напад на Хамас на кибуц за време на викендот. Нападите на кибуцот, една од израелските заедници долж границата со Газа, продолжија и вчераутро, па израелската армија дури во текот на денот почна да ги собира телата на убиените израелски цивили.

Војниците, кои поминаа голем дел од денот во урнатините извлекувајќи тела на цивили, рекоа дека повеќето од убиствата најверојатно се случиле во раните утрински часови на нападот во саботата.

„На неподготвената израелска војска и беа потребни 12 часа да стигне до кибуцот. Фала му на Бога што спасивме животи на многу родители и деца. За жал, некои од нив терористите ги запалија со молотови коктели. Тие се многу агресивни, како животни“, изјави за Би-Би-Си Давиди Бен Зион, заменик командант на единицата 71, искусен тим на падобранци.

Бен Зион рече дека вооружени лица на Хамас убиле цели семејства, вклучително и бебиња, и дека тие биле „џихадистичка машина за убивање невооружени цивили“.

„Тие беа нормални граѓани кои сакаа да појадуваат и тоа е се“, рече тој. Д

одаде дека на некои жртви им биле отсечени главите.

„Ги убиле, а некои ги обезглавиле, тоа е ужасна работа. Мора да се потсетиме кој е непријателот и која е нашата мисија. Ние сме за вистината и правата, светот треба да биде со нас“, изјави Бен Зион.

Еден од полицајците на земја и покажа на екипата на Би-Би-Си крвава виолетова вреќа за спиење од која излегуваше отсечен прст. Тој рече дека една жена е убиена и дека главата и била отсечена пред куќата. Неколку метри подалеку беше поцрнето, отечено тело на мртов напаѓач на Хамас.

Првата линија на одбрана на Кфар Аза беа чуварите на кибуцот, жители со воено искуство кои патролираа во населбата. Тие беа убиени во борба со напаѓачите. Нивните тела беа отстранети утринава од нивните позиции во центарот на кибуцот, а како и другите израелски жртви, тие беа завиткани во црна пластика, носени на носилки до паркингот и положени во ред во чекање за нивно отстранување.

Жителите на пограничните заедници на Израел очекуваат повремени ракетни напади откако Хамас ја презеде контролата врз Газа во 2007 година. Тие ја прифатија опасноста како цена на селскиот живот во тесно поврзана заедница. Жителите на Кфар Аза и другите израелски заедници долж границата со Газа уживаа во добар квалитет на живот, и покрај заканата од ракетите на Хамас. Сите куќи имаа зајакнати безбедни простории. Имаа и тераси на отворено, скари, лулашки за деца и свеж воздух.

Но, никој во Кфар Аз или на друго место во Израел не замислуваше дека Хамас може да ја пробие одбраната на Израел и да убие толку многу луѓе, пишува Би-Би-Си.

Слични содржини