Вработените во УЈП со протест бараат повисоки плати

од Nikola Popovski

Вработените во Управата за јавни приходи денеска ќе одржат протест, на кој ќе го изразат своето незадоволство поради тоа што министерот за финансии Фатмир Бесими не дал согласност за потпишување на новиот Колективен договор кој предвидува зголемување на платите.

Протестот ќе се одржи со почеток во 11 часот пред зградата на Министерството за финансии.

„Во содржината на посочениот договор е утврдено зголемување на платите на вработените во Управата за јавни приходи, што е легитимно и основано согласно одредбите на член 66 од Законот за буџети. Во исто време таквата примена на посочениот член ја потврди и Собранието на Република Северна Македонија со давање на свое автентично толкување. Претходно работни групи делегирани од работодавачот и репрезентативната синдикалната организација Солидарност изготвија и заеднички ја прифатија содржината на новиот Колективен договор на ниво на работодавач“, се вели во соопштението на вработените.

Од таму предупредуваат дека постои можност „да настанат непосакувани состојби“ како неисполнување на работни задачи и обврски на вработените при евентуално одржување на генерален штрак.

Слични содржини