Временска прогноза

од Vladimir Zorba
136 прегледи

   Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и слаб северен ветер. Утрото студено со нис

ки утрински температури. Утринската температура ќе се движи од минус три до минус 10 степени, а дневната температура од нула до 11 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и слаб северен ветер. Утринската температура ќе достигне до минус пет, а дневната температура ќе достигне до осум степени.

За време на викендот времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури. Дневните ќе бидат во пораст, што ќе предизвика топење на снежната покривка, особено во сабота. Во недела ќе има зголемување на облачноста, а преку ноќта ќе има повремени врнежи од дожд и снег. Во почетокот на наредната седмица се очекува извесно заладување со повремени врнежи претежно од снег.