Временска прогноза

од desk4
290 прегледи

 Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од пет  до осум, а дневната од 14 до 26 степени.

Во Скопје, слично време, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

Од сабота попладне до понеделник ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни, околу 30 литри на м2, и проследени со грмежи, ветер и услови за појава на град. Во вторник поради спуштање на постудена воздушна маса ќе дува засилен северозападен ветер, што ќе предизвика позначително опаѓање на температурите.

Слични содржини