Временска прогноза: Ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд

од Vladimir Zorba
109 прегледи

download

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На места врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, во форма на невреме и со услови за изолирана појава на град. Нестабилноста ќе биде позастапена во источната половина на земјава.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 15, а дневната од 11 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Температурата ќе се движи од 11 до 16 степени.

В четврток врмнежите ќе бидат со слаб интензитет, а на планините ќе поминуваат во снег. Променливо облачно и врнежливо ќе се задржи и во наредните денови, а температурата ќе биде во опаѓање.