Денес доцна попладне во западните и северозападните делови ќе има повремени врнежи, на планините од снег, а на пониските места од дожд и снег. Во текот на ноќта понекаде во котлините е можна појава на замрзнат дожд.

Утре претпладне во западните и северните делови од земјата се уште ќе има врнежи, кои на планините ќе бидат од снег и таму снежната покривка ќе се зголеми за нови 10 до 20 см. На пониските места врнежите ќе бидат повремено од дожд.
Во Скопската котлина се очекува врнежите да бидат претежно од дожд, а ќе има и услови на места да има појава на замрзнат дожд.
Во недела ќе има преодно стабилизирање, а од понеделник под влијание на нов влажен бран ќе започне период на претежно облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Од средината на неделата на пониските места особено на југоисток врнежите ќе бидат од дожд. Во овој период дневните температури се очекува да бидат во интервал од -3 до 4 степени.